четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Трета дојава по ред во Белград: Бомба во авионот за Москва

Трета дојава по ред во Белград: Бомба во авионот за Москва

На летот Белград-Москва повторно беше пријавена екслопзивна направа. Дојавата стигнала преку мејл за авионот на „Ер Србија“.

Пријавата стигнала точно пред полетувањето, кое било закажано за 14.30 часот, а екипите на полицијата веќе заминале кон аеродромот.

Ова е веќе трета дојава за бомба на летот Белград-Москва, со тоа што досега двапати авионот беше вратен на аеродром и не беше откриена експлозивна направа.