сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Турција планира меѓународна истрага за убиството на Кашоги

Турција планира меѓународна истрага за убиството на Кашоги

Турција планира да започне меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и да преземе чекори во наредните денови, рече министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Кашоги беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.

Чавушоглу рече дека некои западни земји се обидуваат да го заташкаат атентатот на Кашоги и додаде дека Турција направила подготовки за почнување на меѓународна истрага

-Ќе одиме до крај, подготвивме подготовки за меѓуармиска истрага во наредните денови и ќе ги преземеме неопходните чекори, рече турскиот министер за надворешни работи.

И покрај заедничката истрага со саудиските официјални претставници во саудискиот Конзулат во Истанбул, резиденцијата на конзулот и на неколку други локации, телото на Кашоги не беше пронајдено.