вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Турски хакери се закануваат на грчки владини сајтови

Турски хакери се закануваат на грчки владини сајтови

Турски хакери упатија нови закани до грчки владини интернет страници, објави весникот „Катимерини“.

Во интервју за телевизијата „Скај“, турските хакери се заканија дека поседуваат чувствителна информација од грчкото Министерство за надворешни работи и оти ќе ја објават на Интернет.

„Интернет борци“ тврдат дека причина за кибер нападите се „неправедните одлуки на грчкото правосудство за осуммината турски војници – ѓуленисти“, по кои Анкара трага после неуспешниот обид за преврат, а Атина одби да ги екстрадира.

Тие тврдат дека во нивната организација има илјадници членови и оти се во состојба да „удрат“ и по други сајтови на грчки институции и организации, а тоа ќе „зависи од одлуката за ѓуленистите“.

Се претпоставува дека истите хакери, кои се нарекуваат „Интернет борци“ се виновни за неодамнешните кибер напади против сајтови на грчки организации, меѓу кои и интернет страницата на новинската агенција АНА.

МИА