вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Турски воени бродови на готовс, САД бара смирување на тензиите, Мекрел спречила воен судир

Турски воени бродови на готовс, САД бара смирување на тензиите, Мекрел спречила воен судир

САД се загрижени поради тензиите меѓу Атина и Анкара, откако Турција изрази планови да врши сеизмички истражувања и дупчења на морското дно во Источен Медитеран, недалеку од брегот на Кипар.

-Такви економски активности, како истражување на суровини, треба да бидат базирани на взаемно разбирање и пријателство, изјави денеска Филип Рикер, заменик на американскиот државен секретар задолжен за Европа и Евроазија. Според него, Грција и Турција се членки на НАТО и треба да изнајдат заеднички јазик за решавање на територијалните спорови. Тој ја повика Турција да не ја ескалира ситуацијата, и како сојузник по НАТО да игра конструктивна улога во регионот. Водите околу островот Кипар, Грција ги смета како дел од својот континентален гребен, и активностите на Турција во регионот ги смета за „агресија“, со барање ЕУ да заземе став на „турската провокација“.