вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ТВ настап на полициска началничка за која говори цел Балкан: „Погледнете го знамето на униформата“ (ФОТО)

ТВ настап на полициска началничка за која говори цел Балкан: „Погледнете го знамето на униформата“ (ФОТО)

Весела Миловановиќ, началничка на полициската управа во Смедерево, Србија, привлече големо внимание со гостувањето на локалната телевизија и стана ѕвезда на социјалните мрежи, пренесува Нова.рс. Но, не поради нејзините изјави, туку поради необичните детали на нејзината свечена униформа.

Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, а реагираше и полицискиот синдикат Слога Ужице, кој ја обвини за „нарушување на угледот на полицијата и кршење на службените должности“.

„Минатата недела во свечена униформа на „Телевизија Смедерево“ гостуваше началничката на Смедерево, Весела Миловановиќ. Темите на емисијата беа сериските убиства во Србија и разоружувањето на српските граѓани. Она што им падна во очи кај гледачите на емисијата беше елементарното непознавање на Правилникот за униформи, ознаки и опремата на полициските службеници што го истакна началничката, се наведува во соопштението и се додава:

„Таа мораше да го знае редоследот на боите на српското знаме и како се ставаат еполетите на рамениците. Во овој случај гледачите можеа да видат дека чиновите се наопаку поставени, а знамето на Србија е превртено наопаку, па личеше на знамето на Руската Федерација. Со таквото однесување началничката на полициската управа Смедерево направи повреда на службената должност пропишана со член 206 став 1 точка 5 од Законот за полиција“, велат оттаму.