По налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, попладнево уапсен е поранешниот градоначалник на Драч Ванѓуш Дако, под обвинение за злоупотреба на службената положба.
Уапсени се вкупно десет поранешни и актуелни раководители на значајни сектори во општина Драч, како и сопственик на градежна компанија, при што судија на претходна постапка одредил мерка притвор за 7 и домашен притвор за тројца од нив.
Пред само четири дена, Ванѓуш Дако беше повикан во СПАК каде што беше испрашуван околу четири часа. Се сомнева дека случајот е поврзан со станбена зграда која претрпе сериозни оштетувања од земјотресот.
-Доделувањето на одобрение за градба за објект, каде што не е издадено одобрение за 11 ката, го одведоа Дако во затвор. Градежникот ја продолжил работата и изградил уште четири ката, по што била дадена дозволата за објектот оштетен од земјотресот на 26 ноември 2019 година. Тој се сомничи и за купување на проектот „крајбрежно шеталиште“, со што наводно и нанел загуба на државата од18 милиони лека, наведуваат медиумите.
Пред неколку години Ванѓуш Дако е прогласен за нон-грата од Соединетите Американски Држави, поради „неговата вмешаност во големи корупциски случаи“.
-За првпат во историјата на нашата држава на удар се луѓе поврзани со власта, изјави премиерот Еди Рама.
Иако не наведе конкретни имиња, оваа изјава на Рама од градот Берат дојде веднаш штом беше објавено апсењето на Дако.
Предупредувајќи дека силата и моќта не можат да се злоупотребуваат, премиерот порача дека „треба да се гордееме со Социјалистичката партија“.