понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уапсен уште еден активист на Самоопределување на границата со Албанија

Уапсен уште еден активист на Самоопределување на границата со Албанија

Косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) соопшти дека денеска, при излегување од Косово за Албанија, на граничниот премин меѓу двете земји, е упасен нејзиниот активист Шкелќим Морина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според објавата на офицјалната страница на Фејсбук на ВВ, Морина е упасен на косовско-албанската граница додека заедно со сопругата патувал на одмор во Албанија.

– Државата сака да покаже дека не се повлекува од сопствените грешки (…) Тој (Морина) е упасен поради неговите поранешни политички акции, објави ВВ.

Според партијата на Албин Курти, нивниот активист е уапсен поради политички активности против „одлуки кои и од Уставниот суд на Косово се прогласени како штетни за државата“, односно поради неговите протести против формирањето на Заедницата на општините со мнозинско српско население.

– Денеска, ароганцијата на власта и игнорантскиот однос со кој властодршците одат во Брисел (на преговори со Србија) ги принудуваат граѓаните повторно да излезат на протест, се наведува во соопштението на ВВ.

Пред една недела, на 16 јули, на истата граница, при влез од Албанија во Косово, беше уапсен друг активист на истата опозициска партија, Ардиан Хули од Истог. (МИА)