вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уапсен Здравко Мамиќ

Уапсен Здравко Мамиќ

Поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ е уапсен во Меѓугорје, Босна и Херцеговина, јавува регионалната телевизија Н1.

Мамиќ го уапсиле припадници на Агенцијата за истраги и зажтита на БиХ (СИПА) по потерница од Хрватска, каде во минатата недела првостепено беше осуден на шест и пол години затвор поради малверзации во спортот.

Контроверзниот фудбалски работник е спроведен на суд во БиХ.

Претходно, Мамиќ побегна од земјата и не се појави на изрекувањето на пресудата во Осиек итакнувајќи дека не верува во правосудниот ситем во Хрватска.

Тој е осуден поради штети наменети на Динамо во износ од 15,5 милиони евра и за затајување данок од 1,2 милиони, а се товари и оти тоа го направил со трансферите на хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Дејан Ловрен.