четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уапсена јорданката Фатима која зарази неколку лица со ХИВ во Србија

Уапсена јорданката Фатима која зарази неколку лица со ХИВ во Србија

Триесетиосумгодишна мигрантка од Јордан беше уапсена денеска во Белград под сомнение дека заразила со ХИВ неколку лица, пишува весникот „Блиц“.

Полицајци ја нашла Фатима на улица во Белград и кога се обиделе да и  напишат казна за проституција, таа немала пари за да плати и била приведена.

Фатима била барана од полицијата откако било откриено дека во последните десетина дена нудела сексуални услуги за пари во Белград. Се верува дека мигрантката е заразена со ХИВ, а во последниве денови изложила на опасност неколку лица.

Претходно, Блиц пишуваше дека Фатима шири ХИВ вирус цела година во Србија. Пред една година, Фатима се обидела да ја премине границата со Унгарија во близина на Суботица, но била фатена. Потоа таа била испратена во бегалски центар, од каде што избегала на 22 јуни.

МИА