Неколку ученици од една гимназија во Загреб претепале врсник, а потоа отвориле профил на Инстаграм на кој е објавено видео од тепањето, пишува „24 сата“.
Профилот собрал околу 3800 следбеници за 48 часа.
Средношколецот побарал од администраторот на профилот да го отстрани видеото, по што му било кажано дека мора да плати доколку сака да се отстрани.
Мајката на средношколецот потоа отишла во полиција и пријавила се, но и покрај ова, профилот на Инстаграм со ужасното видео и понатаму бил активен.
Новинарите од „24 сата“ разговараа со директорот на училиштето.
Неговата изјава во најмала рака е вознемирувачка и шокантна.
-Не го оправдувам нивното насилство, но зад секој напад се истражува заднината. Не го удриле од чиста мира, очигледно имало нешто претходно меѓу нив. Во среда имаме состанок на наставничкиот совет на кој ќе одлучиме дали еден или двајцата ќе бидат казнети или ќе бидат казнети и некои други ученици. Видете, не можете само да исфрлите дете од училиште, евентуално да му наметнете некаква мерка, рекол директорот на гимназијата во која учат и жртвата и напаѓачите.