На првото место на градови кој е најмногу оштетен од туризмот се наоѓа Венеција, каде големите патнички бродови одиграа голема улога во носењето на огромен број туристи во градот.
-Како и Венеција, градот Дубровник едноставно не е дизајниран да се носи со толкав број крузери кои го посетуваат градот на неколку дена. Туристите се превезуваат со автобуси од модерниот дел во Стариот град и назад секој ден. Освен тоа, бројот на туристи кои го посетуваат Дубровник ги поттикна мештаните да ги изнајмуваат своите куќи и апартмани, оставајќи едвај видлива трага од хрватската култура во овој, еден од најзначајните туристички градови во Хрватска, пренесува „Дубровачки вјесник“.
Освен Дубровник и Венеција, на списокот дестинации кои се уништени од крузерите се наоѓаат и Белизе, Алјаска, Антартик и Свалбард во Норвешка. Решението на овој проблем може да биде во еколошки одговорни компании со помали бродови.