недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уште еден ужас во Србија: 18-годишно момче тешко повредено, во него е пукано со воздушна пушка

Уште еден ужас во Србија: 18-годишно момче тешко повредено, во него е пукано со воздушна пушка

Осумнаесетгодишниот А.Ќ. бил погоден со воздушна пушка во пределот на градниот кош, а лицето што пукало во него е уапсено.

Поради обилно крварење и фактот дека куршумот се заглавил во пределот на градниот кош до градната коска, младиот човек веднаш бил хоспитализиран и итно опериран во Клиничкиот центар Ниш.

„Само што разговаравме со колегите од Ниш. Младото момче е добро и надвор од животна опасност“, вели директорот Небојша Димитријевиќ.

Во Универзитетската болница Ниш велат дека кај нив бил донесен млад човек со прострелна рана во пределот на градниот кош, во тешка општа состојба.

„Веднаш по приемот е внесен во операциона сала, опериран и моментално е хоспитализиран на Клиниката за анестезија каде се следи постоперативниот тек“, соопштија од таму.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 22 часот во семејната куќа на овој млад човек, при што е утврдено дека се работи за случаен инцидент.