среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уставен одбор на црногорскиот Парламент утре ќе расправа по предлогот за разрешување на Ѓукановиќ

Уставен одбор на црногорскиот Парламент утре ќе расправа по предлогот за разрешување на Ѓукановиќ

Уставен одбор на црногорскиот Парламент утре ќе го разгледа предлогот за разрешување на претседателот Мило Ѓукановиќ, поради кршење на Уставот на Црна Гора, што го поднесе Социјалистичката народна партија.

Предлогот на Клубот на пратеници на СНП беше поддржан од пратениците во парламентарното мнозинство. Во образложението на предлогот на СНП се наведува дека Ѓукановиќ на 28 август во Цетиње рекол дека „не е паметно да се инсистира на устоличување“ на митрополитот црногорско-приморски на СПЦ, Јоаникие во тој град, „но паметно е да се премести од Цетиње и да се направи тоа во еден од многуте храмови во другите градови“.