недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

УЖАС ВО СРПСКО СЕЛО: Mаж ѝ забил нож во врат на својата сопруга

УЖАС ВО СРПСКО СЕЛО: Mаж ѝ забил нож во врат на својата сопруга

Во Србија, маж синоќа ѝ забил нож во врат на својата сопруга.

Жена е убиена во селото Репинац кај Владичин Хан. Вишото јавно обвинителство Врање соопштува дека осомничениот со нож ја прободел во вратот сопругата, која им подлегнала на повредите.

На местото на убиството што се случило синоќа во 21 часот и 30 минути, пронајден е сторителот С.Д.(1962). Полицијата го уапси мажот. Полицијата против него ќе поднесе кривична пријава за убиство, јавува РТС. Наредена е обдукција на телото, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина од Ниш.

Фото: МИА