среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вакцинирани над 2.000 деца во бегалски камп во Грција

Вакцинирани над 2.000 деца во бегалски камп во Грција

Над 2.000 деца бегалци сместени во прифатниот центар Мориа на грчкиот остров Лезбос, беа вакцинирани за мали сипаници, заушки и рубеола, со што заврши првата фаза од програмата на Националната организација за јавно здравје на Грција за вакцинирање на деца сместени во бегалските кампови во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Масовното вакцинирање од денеска продолжува во прифатните центри во Атика и северна Грција, а потоа ќе следи и во бегалските кампови на островите Самос и Лерос.

Во рамките на програмата ќе бидат вакцинираат над 7.000 деца бегалци. (МИА)