вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Вархеји во понеделник во посета на Белград

Вархеји во понеделник во посета на Белград

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји в понеделник ќе го посети Белград каде ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вархеји ќе го посети и градилиштето на новата зграда на Универзитетската детска клиника во Белград, објавено е на веб-страницата на Европската комисија, jави Бета.

Изградбата и опремувањето на таа клиника е делумно финансирано од грант од ЕУ.