На Хрватска и недостигаат околу шест илјади здравствени работници – повеќе од четири илјади сестри и две илјади келари, пишува денешен „Вечерњи лист“.
Недостигот медицински сестри е се посериозен проблем насекаде, дури и во болниците каде нема толку голем недостиг на лекари. И додека состојбата со лекарите некаде се подобрува, критична е во примарното здравство каде недостигаат повеќе од 400 главно матични лекари, како и седумдесеттина педијатри и гинеколози.
„Пред три години недостасуваа околу четири илјади медицински сестри. Во моментов собираме податоци за нова анализа, а според сите извештаи, ситуацијата сега е полоша“, ја пренесува загрепскиот весник изјавата на Марио Газиќ, претседател на Хрватската комора на медицински сестри.
Медицински сестри едноставно нема, а работници од таа струка се дефицитарни и во ЕУ. Во Заводот за вработување на Хрватска имало 280 медицински сестри од кои дел биле вработени, дел не оттаму што решиле да се занимаваат со нешто друго или се дошколуваат.
„Најпроблематично е во далматинските окрузи каде медицинските сестри со средно образование повеже сакаат да се занимаваат со туризам отколку да работаат за шест илјади куни месечно“, вел Газиќ.