понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Весели со закани за можно поништување на дозволата за Вучиќ за посета на Косово

Весели со закани за можно поништување на дозволата за Вучиќ за посета на Косово

Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави денеска дека Приштина издала дозвола за посета на српскиот претседател Александар Вучиќ, но дека таа одлука во случај на дестабиизација може да се промени.

– Ако одлучиме да не дојде, Вучиќ нема да влезе на Косово, изјави Весели. Тој се закани дека Вучиќ ако би дошол без довола, би поминал исто како и Марко Ѓуриќ, објави Косова прес.

– Нека се обиде без дозвола, знае како помина со тој другиот (Марко Ѓуриќ), изјави тој, пренесе Танјуг. Весели додаде дека и да дојде, Вучиќ нема што да бара на езерото Газивода. (МИА)