вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Колони на бензинските пумпи во Хрватска, се очекува големо поскапување

ВИДЕО: Колони на бензинските пумпи во Хрватска, се очекува големо поскапување

Како и во повеќето земји во регионот, и во Хрватска се очекува значително поскапување на нафтените деривати, а граѓаните вечерва чекаат во редици на бензинските пумпи за да ги наполнат резервоарите по старите цени.

Порталот Cijenegoriva.info објави неофицијални цени, односно пресметки за тоа колку би можел да поскапи цел резервоар од секое од горивата.

Според пресметките, најмногу би поскапел резервоар од 50 литри дизел – за 70 куни (околу 550 денари).