Итната помош од Карловац на Фејсбук објави видео со кое им се заблагодарува на двајца моторџии кои им го расчитувале патот правекјќи итен коридор.
-Вака изгледа кога моторџии учествуваат во создавање итен коридот. Почит, стои во објавата на Итната помош.
Оттаму со денови предупредуваат дека некои возачи не ги почитуваат правилата кога треба да се пропушти возило на Итната помош. Со ова видео сакаа да покажат колку е важна секоја секунда, но и да им дадат пример на останатите возачи да не ги игнорираат сирените и да бидат внимателни каде се паркираат.