Украински товарен авион се урна во Грција. Според информациите авионот требало да лета од Србија за Јордан, а се урнал синоќа во близина на Кавала во северна Грција, јавува Екатимерини.
Извори од полицијата за агенцијата АПЕ-МПЕ потврдија дека дошло до несреќа. Инцидентот се случил нешто пред 23 часот, јавуваат грчките медиуми. Порталот Flightradar24 објави дека авионот е украински Антонов Ан-12БК, на американската компанија Meridian Ltd и дека летал од Србија.
Летот бил на пат за Аман кога се свртел назад кон копното на половина пат преку Егејското Море. На местото на настанот е испратена силна противпожарна единица и медицински екипи.
– Reports of an Antonov #cargo aircraft carrying weapons for #Ukraine, has crashed in the north of #Greece near the city of #Kavala.pic.twitter.com/dcHYnJ5InM
— Oliver T. Mhuriro (@Oliver_Mhuriro) July 16, 2022
Противпожарната бригада на Твитер објави дека 15 пожарникари со седум возила го гаснат пожарот на местото на несреќата. Според грчките медиуми, во него немало патници освен членовите на екипажот.
Според командантот на АЦВ, Константинос Лизаракос, авионот пријавил штета во атинскиот FIR и сакал да слета во Кавала. Сепак, авионот се урнал, пренесува Прототема.
Извештаите покажуваат дека авионот го загубил четвртиот мотор во воздух и се запалил. Пилотот пријавил дефект на моторот и бил пуштен да слета на аеродромот во Кавала, но леталото ја изгубило патеката десет наутички милји западно од тој град.
In #Griechenland #Kavala ist eine Maschine der ukrainischen Airline Antonov abgestürzt https://t.co/Hiq0kdDaaY
— Greekphase (@greekphase) July 16, 2022
На интернет веќе се појавија снимки направени од очевидци, на кои се гледа како авионот гори и секундарни експлозии.
Противпожарната служба ги повика граѓаните кои се насобраа околу местото на несреќата да се оддалечат.
Весникот „Ворија“ пишува дека во околните села е прекинато снабдувањето со електрична енергија, најверојатно поради искршени кабли.
Според грчките медиуми, се работи за српски авион кој носел муниција. Затоа одекнаа експлозиите.