сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: „Поминете“ 3 ипол минути во центарот на пожарот во Атина

ВИДЕО: „Поминете“ 3 ипол минути во центарот на пожарот во Атина

На социјалните мрежи се појави снимка која што можеби и најдобро открива како е да се најдете заробени во голем пожар, конкретно во пожарите кои што избија на југот од Грција пред неколку дена.

Автор на видеото е човек кој што бил сопственик на куќа во Мати, место во близина на грчката престолнина Атина кое што најмногу настрада од неодамнешните пожари. Како што откриваат грчките медиуми, човекот во паника ја отворил вратата од куќата за да се засолни мачката, но ветерот набрзо ја затворил вратата, па тој не можел да влезе во куќата.

После еден невиден сплет на околности тој остана пред својата куќа во паника, додека огнот голтал се пред себе со молскавична брзина. Пожарот толку многу се приближи до него и неговата куќа, што многумина се чудат како тој воопшто успеал да преживее. Наводно го спасило тоа што останал легнат до ѕидовите од куќата, а исто така се спасила и неговата мачка.