сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Поплави во Анкара

ВИДЕО: Поплави во Анкара

Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во главниот град на Турција, Анкара.

Дождот проследен со ветер предизвика материјална штета, корнејќи покриви од згради и дрвја.

Поради надојдената вода сообраќајот во Анкара е блокиран.

Поплавена е една од големите автобуски станици во градот.

Според метеоролозите обилните дождови во Анкара ќе продолжат и во наредните часови. (МИА)