вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Тензии меѓу Турција и Грција поради чамец со бегалци

ВИДЕО: Тензии меѓу Турција и Грција поради чамец со бегалци

Турција ја обвини Грција дека истуркала чамец со бегалци од грчките во турските територијални води.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека инцидентот се случил во неделата во близина на Родос и на социјалните мрежи објави снимка од дрон на која се гледа како грчката крајбрежна стража влече брод со бегалци во турските територијални води во близина на одморалиштето Мармарис во југозападна Турција.

Грчката крајбрежна стража сè уште не ги искоментира обвинувањата на Анкара, но Атина постојано ги негира обвинувањата на организациите за човекови права и Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) дека ги поттиснува бегалците од грчките територијални води, велејќи дека пресретнува (неидентификувани) чамци за ги заштити нејзините граници.