вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Туристи споделуваат потресни снимки од Родос

ВИДЕО: Туристи споделуваат потресни снимки од Родос

Грчките пожарникари веќе седум дена се борат со шумските пожари на Родос. Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис рече дека „земјата е во војна“ и оти тој е целосно насочен на гаснење на пожарите. Предупреди дека претстојат уште тешки денови.

На Тикток во меѓувреме се споделуваат емотивни снимки од грчкиот остров. Повеќе стотици пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола пожарите, но топлината и ветерот ја отежнуваат ситуацијата. Многу туристи кои биле на Родос кога избувнал пожарот споделуваат слики и видеоснимки од островот коишто се навистина потресни.

@metasara #rhodeisland #prayforrhodos #rhodesfire #greece🇬🇷 #firefighter #2023 ♬ original sound – 🎧&lt𝟛

„Нашиот прекрасен остров умира“, „Погледнете колку беше убав и мирен овој остров. Сега умира“ – гласат дел од коментарите.

Околу 20.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови и хотели на Родос викендов, бидејќи огнениот пекол што почна да се шири пред една недела, ги зафати и одморалиштата на брегот. Огнот изгоре големи површини и оштети и уништи голем број згради.

@vbaudler Evacuation😖#rhodesfire #vacation #evacuation #prayforrhodes ♬ watch – 🦋

Грција често е погодена од пожари во летните месеци, откако климатските промени придонесоа за поекстремни топлотни бранови низ југот на Европа, а се зголемуваат и стравувањата дека туристите во иднина ќе ги заобиколат овие дестинации.