петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Внимавајте: Во водите на Јадранот веќе трет пат снимена ајкула (ВИДЕО)

Внимавајте: Во водите на Јадранот веќе трет пат снимена ајкула (ВИДЕО)

Откако пред неколку дена беше објавена фотографија од водите на Макарска во кои плива ајкула, денес повторно се појави ајкула.

Се претпоставува дека станува збор за истата ајкула од пред неколку дена која ги натера капачите да погледнат двапати во водата пред да влезат во морето, наведува порталот „24сата“ и нагласи дека не се работи за оспасен вид на ајкула.

Ален Солдо, хрватски експерт кој се занимава со истражување на морските кучиња, вели дека се работи за безопасна ајкула која се храни со ситни риби, лигњи и птици, како и трупови од други животни.

Иако се ретки нападите на луѓе, експертите сепак сметаат дека ајкулите се потенцијална опасност.

Во водите на Јадранското Море трајно или повремено живеат 28 видови ајкули, а според Солдинот, не е забележано зголемување на нивната популација.