петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во 2019 година во Србија собрани речиси 28 милиони евра од донации

Во 2019 година во Србија собрани речиси 28 милиони евра од донации

Во Србија оваа година се сорбрани 27,3 милиони евра од разни донации – од граѓани, компании и дијаспора, наменети за институции, организации и поединци. Тоа го изјави претставникот на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Јелена Аврамовиќ по повод завршувањето на фестивалот на филантропијата.

-Сметаме дека може повеќе и подобро, и дека голем дел од она што се случува не се гледа. Во Србија, многу луѓе си помагаат едни на други, изјави таа синоќа за Танјуг.

Аврамовиќ потсети дека филантропија не значи само давање пари.

-Филантропија е и кога луѓето помагаат едни на други, тоа е волонтирање и кога приватниот сектор е вклучен за да им помогне на заедницата во која работи, сите тие се форми на филантропијата што сакаме да ги поттикнеме, рече Аврамовиќ. (МИА)