Членот на федералниот Кризен штаб, Горан Черкез потврди дека епидемиолошките мерки што се во сила во тој ентитет во БиХ се продолжени за уште 14 дена – покрај задолжителното носење маски и ограничен број луѓе на митинзите, вклучува и полициски час од 23 до 5 часот наутро.
Черкез, кој е исто така помошник министер за здравство на БиХ, за сараевски „Аваз“ рече дека истите мерки ќе бидат продолжени за време на новогодишните и божиќните празници.
– Заклучивме дека мерките сега ќе бидат продолжени во следните 14 дена, односно до 24 декември. Во меѓувреме, ќе имаме уште еден состанок на кој ќе разговараме за новогодишните и божиќните празници. Сепак, многу е веројатно дека ќе ги продолжиме истите мерки и по Нова година, рече Черкез. (МИА)