четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во БиХ потврден првиот случај на мајмунски сипаници

Во БиХ потврден првиот случај на мајмунски сипаници

Првиот случај на зараза со мајмунска сипаница е откриен и во Босна и Херцеговина, соопштија од Клиничкиот центар во Сараево, каде што се направени лабораториски испитувања на маж поради сомневање за оваа болест.

Директорката на Клиничкиот центар, Себија Изетбеговиќ за Фактор изјави дека заразениот во вторникот бил примен на Инфективната клиника, а лабораториските тестови потврдиле дека заболел од мајмуни сипаници.

„Вчера беа земени соодветни примероци и испратени на понатамошна микробиолошка обработка, а резултатите добиени денеска го потврдија првобитното сомневање“, изјави Изетбеговиќ.

Мајмунските сипаници првично се појавија во Африка, а случаи на инфекција кај луѓето веќе се регистрирани во голем број европски земји.

Заразените обично имаат поблаги симптоми, но Светската здравствена организација (СЗО) препорача преземање превентивни мерки за да се запре ширењето на инфекцијата.  (МИА)