недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Грција пристигнаа седум пратенички од Авганистан

Во Грција пристигнаа седум пратенички од Авганистан

Седум Авганистанки-пратенички, заедно со членовите на нивните семејства, утрово, преку Тбилиси пристигнале во Атина, а од Авганистан биле извлечени со помош на невладината организација „Zaka Khan“ со седиште во Њујорк, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеничките и нивните семејства, во Грција ќе останат краток временски период додека да завршат процедурите за нивно заминување и преселба во САД.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштуваат дека пристигнувањето и престојот во земјата е „во рамките на заложбата на Владата да прими симболичен број авганистански граѓани, кои ги бранат основните вредности, слободата на изразување и родовата еднаквост“.