Секторот за борба против тероризам на грчката полиција утрово уапси 27-годишен државјанин на Сирија кој се товари за учество во терористичката организација ИСИС, како и за терористички дела и директна помош при убиство, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од грчката полиција, Сириецот, кој во Грција дошол на 28 март 2018 година, ги прифатил обвиненијата за кои се товари и ќе биде изведен пред јавен обвинител.
По претресот направен делот во бегалскиот камп од отворен тип, каде што престојувал, биле откриени дигитални докази, што дополнително ќе се истражат. (МИА)