Во изнајмено комбе, без важечка возачка дозвола, 39 годишен странски државјанин пренесувал 20 нелегални мигранти во Грција и бил уапсен на автопатот Кавала – Солун во близина на туристичкото место Аспровалта, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека конкретното возило било запрено за контрола на автопатот, по што биле откриени и мигрантите.
Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека уапсеното лице, односно возачот е чешки државјанин, а мигрантите се од Сирија и Сомалија и немаат документи за легален престој во Грција.
Уапсениот ќе одговара пред јавен обвинител за нелегално пренесување мигранти и нивно внесување во Грција. (МИА)