сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Грција регистрирани вкупно 119 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 15 лица

Во Грција регистрирани вкупно 119 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 15 лица

Во Грција досега се потврдени 119 случаи на вирусот Западен Нил, од кои 19 се во изминатата седмица, а починаа вкупно 15 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Сите случаи се во северниот и централниот дел на земјата.

Првиот случај на вирусот Западен Нил за 2023 година во Грција беше регистриран во средината на јули, а вирусот беше присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од Западен Нил починале 33 лица.  (МИА)