Претставниците на синдикатите на хрватските просветни работници разговараа синоќа со владини претставници за барањата на вработените во образованието, но преговорите завршија без договор. Се очекува тие да продолжат денеска.
– Договор е да не изнесуваме дали сме задоволни од разговорот, но позитивно е што ние ги продолжуваме преговорите, изјави претседателот на Сојузот на хрватските синдикати, Вилим Рибич, пренесува Хина.
Индекс.хр објави дека претставниците на синдикатот накусо ја напуштиле средбата заради меѓусебни консултации, а потоа неофицијално се дознало дека не им било понудено ништо ново и дека во ниту еден момент не разговарале за синдикалното барање за зголемување на коефициентите од 6,11 проценти..
Средбата во Владата следуваше по големиот протест на централниот плоштад во Загреб, а во разговорите учествуваат и Синдикатот на наука и високо образование, покрај училишните синдикати.