Се чини дека Турција не сака и не може повеќе да ги задржува Сиријците кои што сакаат да заминат во Европа и пред таа опасност на Балканот му треба заеднички одговор, вели во интервју за РТС унгарскиот министер за надворешни работи на Унгарија Петер Сирјато.
Се проценува дека во наредните недели може да се очекува прилив на повеќе од 100.000 мигранти, вели во интервјуто Сирјато.
Спрема неговите зборови, најголема грешка на Европа е што не им кажала дека во Европа единствено можат да дојдат само преку легален пат и никако поинаку.
Инаку, како што вчера информираше министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Солју, земјата преку Едрене ја напуштиле 36.776 мигранти.