Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека словенечката влада денеска ќе донесе одлука, според која од утре ќе се регулираат цените на нафтените деривати, за да нема трето поскапување за помалку од една недела. Тоа го изјави Јанша во Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање.
Пратеничката Јања Слуга претходно изјави дека дистрибутерите утре планираат да ги зголемат цените на нафтените деривати за десет отсто. Јанша истакна дека мерките на ЕУ поврзани со ослободувањето од зависноста од руската нафта веќе се видливи.
– Уделот на руската нафта на пазарот во Словенија е 12 отсто и тоа количество може да се надомести. Нешто потешко е со уделот на бензинот и дизелот, каде што уделот на Русија е околу 25 отсто, изјави Јанша во Парламентот.