петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Софија јавна расправа за преименување на 24 мај во Ден на бугарската писменост

Во Софија јавна расправа за преименување на 24 мај во Ден на бугарската писменост

Пратениците од бугарската Комисија за образование и наука денеска ќе одражат јавна расправа за предлогот за преименување на 24 мај од Ден на словенската писменост во Ден на бугарската писменост.

Амандманот во Законот за работни односи е поднесен од група пратеници и веќе беше одобрен на првото гласање.

На дискусијата ќе учествуваат бугарските министри за образование и наука, како и за култура, претставници на академската јавност, на културни институции и Бугарската академија на науки, социјални парнери и невладини организации, пренесува БГНЕС.

По предлог на „Обединети патриоти“ и со поддршка на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), чиј претседател е премиерот Бојко Борисов, на почетокот на месецот предлогот беше усвоен на прво читање во Парламентот. Со предлогот, празникот се именува како „Ден на бугарската писменост, образование и култура“, а отпаѓа придавката словенска.