четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во соседна Грција може да останете без возачка и таблички за овие прекршоци

Во соседна Грција може да останете без возачка и таблички за овие прекршоци

Казните за сообраќајните прекршоци во соседна Грција се драконски. Оние веќе се таму или планираат да заминат со сопствено возило, се „на штрек“ со оглед дека освен со астрономските суми за плаќање, може да останат и без својот автомобил и/или без возачката дозвола.

Кои се нови казнени прописи за сообраќајни прекршоци во Грција?

Поминување на знак стоп без запирање – 700 евра

Поминување на црвено светло – 700 евра

Бесно возење – 700 евра

Недозволено претекнување – 80 евра

Прекорачување на брзината до 20 km/h – 20 евра

За поминување на црвено светло, се плаќа казна од 700 евра, но 20 дена ќе останете без дозвола за возење и регистарска табличка.

Отстранување на регистарски таблички и одземање на дозволи за возење за 60 дена се добива за следните прекршоци:

Користење на мобилен телефон додека возите; Неносење појас; Ако немате кацига додека возите мотор; Превоз на дете во автомобил без детско седиште.