четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

ВО СРБИЈА 10 СЛУЧАИ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ: Сите пациенти се машки лица – епидемијата моментално е концентрирана кај мажи кои имаат п*лов однос со мажи

ВО СРБИЈА 10 СЛУЧАИ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ: Сите пациенти се машки лица – епидемијата моментално е концентрирана кај мажи кои имаат п*лов однос со мажи

Во Србија досега се регистрирани десет потврдени случаи на мајмунски сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, јави дописникот на МИА од Белград.

На територијата на Белград регистрирани се осум случаи на заболени од мајмунски сипаници, а два во Војводина, се наведува на сајтот на Батут.

Сите пациенти се мажи на возраст од 27 до 44 години.

Батут наведува дека досега се регистрирани 16.000 случаи на мајмунски сипаници во 75 земји, со пет смртни случаи.

Во моментов епидемијата е концентрирана кај мажи кои имаат секс со мажи, особено кај оние со повеќе сексуални партнери, се наведува во соопштението.

Симптомите на мајмунски сипаници обично вклучуваат висока телесна температура, интензивна главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, слабост, недостиг на енергија, отечени лимфни жлезди, најчесто во вратот, пазувите и препоните, како и осип на кожата.

Осипот обично започнува во рок од еден до три дена од почетокот на покачената телесна температура и може да биде концентриран на лицето, дланките и стапалата.