понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Србија има 31 заболен од мајмунски сипаници- сите се од машки пол

Во Србија има 31 заболен од мајмунски сипаници- сите се од машки пол

Во Србија се регистрирани 31 случаи на заболени со мајмунски сипаници во периодот од 17 јуни, кога беше регистриран првиот случај до 17 август 2022 година, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Сите заболени се од машки пол, на возраст од 21 до 44 години.

Регистрираните случаи се од Белградскиот (27), Јужнобачки (1), Јужнобанатски (1), Сремски (1) и Нишавски (1) округ.

Тројца од нив се хоспитализирани додека останатите се на домашно лекување.