сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопштија дека поради растечкиот тренд на заразата со коронавирусот, а според препораката на Републичката стручна комисија од денеска 22 јули 2022 година воведена е мерката забрана за посета на здравствените установи во Србија, со цел спречување на ширењето на инфекциите, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Србија со недели бројот на заразени со коронавирус се движи дневно околу 4.000 лица, а денес од тестираните 12.821 лице, 4.500 биле позитивни, а починале уште шест лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 16.199.

– Од недела во недела се забрзува активноста на коронавирусот и се зголемува бројот на заразени, изјави епидемиологот Предраг Кон, кој посочи дека носењето маски во болниците се уште е во сила и ги повика граѓаните да ја почитуваат оваа мерка.

Според него, носењето маска е најбезопасна и најбезбедна мерка за секој престој во затворен простор. Тој повтори дека ако сите го направат ова, заштитата од коронавирусот ќе биде 95 отсто.

– Сè уште сме во ситуација кога ќе продолжи растот на бројот на заразени, ова е загрижувачко, но факт е дека сега во Србија присутен е само сојот Омикрон, истакна Кон.

Тој рече и дека тоа го утврдува српскиот Национален институт за молекуларна генетика и генетско инженерство и додаде дека на 6 јуни присуството на сојот Омикрон било под еден отсто, а сега е околу 28 отсто.