Oд Заводот за јавно здравје во Шабац потврдија дека машко лице над 50 години е заразено од мајмунски сипаници, а инфекцијата била откриена откако пациентот се вратил од годишен одмор.
„Важно е да не се паничи, бидејќи нема потреба од тоа. Секој кој ќе забележи симптоми, а тоа се пред сè висока температура и осип кој не е карактеристичен и кој почнува на лицето, вратот, стапалата, може да биде и на други места, нека се обрати до Институтот за јавно здравје и ќе организираме превоз на инфективното одделение и земање мостри“ – изјави д-р Драгана Радојичиќ, раководителка на Институтот за јавно здравје – Шабац.
Како што вели, се следат контактите на болното лице. Во периодот на инкубација, продолжува таа, лицето не е заразно, па затоа не е неопходно да биде во карантин, се врши само активен епидемиолошки надзор.
Симптомите на мајмунска сипаница, покрај треска и осип, најчесто се интензивна главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, слабост, недостаток на енергија, отечени лимфни жлезди, најчесто во вратот, пазувите или препоните, посочуваат од Јавното здравје, Институт Шабац.