Како резултат на актуелната светска криза надлежните власти во Србија за помош на земјоделците во нивната земја ќе доделат 15 000 тони меркантилна пченица.
Од денес 11 ноември започна пријавувањето на сите земјоделци- одгледувачи на млечни крави за помош со меркантилна пченица обезбедена од државните резерви на Србија. Јавниот повик го објави Републичката дирекција за стокови резерви врз основа на заклучок на седница на владата на Србија како помош за одгледувачите на млечни крави и тој ке трае до 23 ноември.
Неповратната испорака се однесува за основно земјоделско производство, регистрирано земјоделско одгледувалиште кое што се занимава со одгледување на млечни крави- секое женско грло постаро од 24 месеци.