Во организација на здружението на дебарската заедница во Тирана, а со присуство и на претставници од општина Дебар, вчера одбележана е 110-годишнината од егзодусот на дебрани кои засолниште нашле во Тирана, информираа од Општина Дебар, преку објава на Фејсбук.
-На свечен начин и откривање на спомен обележје, вчера во Тирана одбележан е споменот за иселениците од Дебар и болниот егзодус од 1913 година, кој ќе остане една од најболните рани во историјата на Дебар. Многуте присутни, споделија спомени, од причините за овој егзодус, а тоа е војната и српскиот терор врз цивилното население во Дебар, до бескрајното гостопримство што го најдоа во Тирана, соживотот и хармонијата што следеше меѓу дебрани и жителите на Тирана, стои во објавата.
фуат спахиу
На свеченоста се обратил и претседателот на Советот на општина Дебар, Фуат Спахиу, кој искажал „благодарност за прифаќањето на илјадниците протерани дебрани, не само институционално, туку и од сите граѓани на Дебар за покажаната хуманост на Тирана“.
-Како симболичен знак, на влезот во Тирана на почетокот на автопатот „Руга е Арбрит“ (патот на Арбр, кој Тирана ја поврзува со Дебар кај граничниот премин Блато) токму таму каде што дебрани за првпат застанаа во Тирана, свечено беше откриено спомен обележје во спомен на тој егзодус, на кое пишува „Во чест на протераните дебрани кои со отворено срце беа дочекани од жителите на Тирана“, стои во објавата на општина Дебар.
Во Тирана живее многубројна дебарска заедница, чиј број надминува 80 илјади.