Конгрес на Европската народна партија (ЕПП) почнува денеска во Загреб, а важна точка на агендата е избор на ново раководство.
Претседателот на Советот на ЕУ во заминување, Доналд Туск, се кандидира за функцијата претседател на ЕПП. Таа е една од двете најсилни групи во Европскиот парламент.
Доколку биде избран, тоа ќе биде првпат лице од Источна Европа да го води тоа големо семејство на десничарски партии во ЕУ, во кое спаѓа и ЦДУ на германската канцеларка Ангела Меркел и француската партија Републиканци.