Вчера во Србија се отворија маркетите на Лидл, а по тој повод атмосферата таму беше и повеќе од возбудлива, посебно за оние кои сакаат да тераат сеир.
Редовите од луѓе во новите маркети беше навистина долга, а внатре во нив тепачка и туркање за пилиња и банани.
Ова видео од вчера во Лесковац, кое стана хит на социјалните мрежи ја покажува атмосферата во Лидл маркетите низ целата држава.
Како што објавуваат српските медиуми, а се пишува и на социналните мрежи во Србија, ништо поразлична не е ситуацијата ниту денеска. Како што синоќа голем број купувачи чекале буквално до последната секунда од работното време, така и утрово чекале да отворат маркетите.
Приоритет во купувањето, како што пренесуваат српските медиуми и денеска е пилешкото, но во корпите ќе се најде место и за шеќер, риба и хемиски производи.
Погледнете каква е атмосферата овие два дена во српските маркети на Лидл: