четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вонредна ситуација во БИХ: Пет реки излеани од коритото, за само два часа нивото на водата порасна за 126 сантиметри

Вонредна ситуација во БИХ: Пет реки излеани од коритото, за само два часа нивото на водата порасна за 126 сантиметри

Поплави ширум Босна и Херцеговина синоќа ја оставија државата будна. Полицијата во општината Добри Југ нареди евакуација вио населбата Матузиќ, чии домови од реката Усор се поплавени.

На подрачјето на Нови Град се изли Уна, Сана, Јапа и Војскова, а поплавени се и неколку домаќинства, додека во Теслиќ е прогласена вонредна состојба.

Началникот на општината рекол дека е прекината целата комуникација со одреден број на населението во Теслиќ, с сообраќајот се одвива отежнато.