Иако бил во работно време и превезуваше стотици граѓани на Тирана, тоа не го спречило возачот на еден градски автобус да се поднапие.
Во автобусот имало повеќе од 80 патници, а возачот бил застанат од полицијата кога направил голем сообраќааен прекршок.
Имено, тој поминал на црвено на една раскрсница во главниот град на Албанија, притоа резикувајќи да предизвика голема сообраќајна трагедија.
После полициската контрола, откриено било дека возачот бил по дејство на алкохол а во крвта му биле откриени 0.69 промили алкохол.