Хрватскиот приморски град Трогир, пред два ден доби нов, привремен, кружен тек, обележан со жолта боја.
Но, нацртаниот круг на возачите не им значеше речиси ништо, некои не го забележаа, други не знаеја што точно претставува, па се создаде тотална конфузија и хаос.
Градоначалникот на овој град за хрватските медиуми изјави дека овој и ваков кружен тек ќе стои неколку месеци за да се утврди потребата од вистински кружен тек и да се навикнат возачите на него.