петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Грците објавија ШОК СНИМКА: Последните моменти на убиениот навивач – влетал крвав во продавница и починал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Грците објавија ШОК СНИМКА: Последните моменти на убиениот навивач – влетал крвав во продавница и починал

Грчкиот портал Прототема објави шокантни видеа од последните моменти од животот на убиениот навивач на АЕК Михалис Кацурис.

Грчките власти ги проучуваат снимките за да се идентификува убиецот, т.е. лицето кое смртно го избоде 29-годишниот.

На едно видео се гледа Михалис како трча кон киоскот во сина маица, шорцеви и качулка на лицето. Носел ракавици, а во левата рака носел шлем. Целиот крвав влегол во киоскот и седнал зад фрижидерот за сладолед, додека продавачите зачудено го набљудувале.

Луѓето од штандот му дале крпа да се избрише, но тој не можел да ја крене главата бидејќи крварењето продолжило.

Едно лице му понудило вода додека седел таму, а тоа лице се обидело да извести некого за драмата што се одвивала.

На едно видео се гледа како Михалис се обидува да стане, но повторно паѓа.

Во следните минути тој дополнително изгубил сила поради обилно крварење и набрзо починал.